Кога станува збор за извоз на овој артикл, освен стакло, се мисли и на стаклени производи од типот на огледала, обоени стаклени прозорци, стаклени плочки, очила, шишиња, тегли и бокали.
Европскиот контитент води во извозот на стакло со заработени 33,5 милијарди долари минатата година, што 43% од вкупниот извоз, стои во анализата на World Top Exports. На второ место со 43,4% се азиските земји, а трети со 10,5% се САД.
Еве кои земји се најдоа помеѓу првите 10:
- Кина – 16,9 милијарди долари (22% од вкупниот извоз на стакло)
- Германија – 7,7 милијарди долари (10,1%)
- САД – 5,8 милијарди долари (7,6%)
- Франција 3,5 милијарди долари (4,6%)
- Јапонија – 3,3 милијарди долари (4,3%)
- Хонг Конг – 3,1 милијарди долари (4%)
- Италија – 2,8 милијарди долари (3,6%)
- Белгија – 2,4 милијарди долари (3,1%)
- Полска – 2,3 милијарди долари (3%)
- Tајван – 2 милијарди долари (2,6%)
Нашата земја се наоѓа на 72-ро место на листата со 15,7 милиони долари од извоз на стакло лани.
Фото: Pexels