Кои се 50-те најбрзорастечки ИТ компании во регионот?

60

Шест компании од Хрватска и една од Босна и Херцеговина се најдоа на листата Deloitte Technology Fast 50 за земјите од централна Европа.

Освен компании од овие две земји, на листата нема претставници од Србија, Македонија, Словенија и Црна Гора.

ИТ компанијата Voltas од Литванија е првана оваа листа, бидејќи има раст од 5.734%. За да може една компанија да се најде на оваа листа потребно е да има приходи од 50.000 евра во текот на 2015-та, 2016-та и 2017-та година и оперативни приходи од најмалку 100.000 евра во текот на минатата година.

Најголем дел од компаниите што ги има меѓу 50-те најбрзорастечки, 31 се занимаваат со изработка на софтвер, а 37 компании за прв пат се наоѓаат на оваа листа.

Чешка е лидер со најмногу брзорастечки ИТ компании или 19 на број, по што следуваат Полска со 11, Хрватска со шест, Литванија со пет и Словачка и Унгарија со по три компании. По еден претставник имаат Естонија и Бугарија.

Фото: Pixabay