MX-30 е првиот целосно електричен модел на Mazda

49

Mazda во Токио официјално го претстави својот прв батериски електричен модел. Новиот SUV модел го носи името MX-30 и опремен е со батерија од 35,5 kWh, којашто му обезбедува возен опсег од 200 километри според WLTP циклусот.

Батеријата на MX-30 може да се полни преку CCS до 80% за 30 до 40 минути, а компанијата специфицира максимален капацитет на полнење на DC од 50 kW. Во зависност од пазарот, електричниот SUV ќе биде опремен и со CHAdeMO врска. Со капацитет за полнење на наизменична струја (тип 2) од 6,6 kW, процесот на полнење треба да се заврши во рок од 4,5 часа.

Јапонскиот електричен модел мотор (AC синхрон мотор), којшто испорачува моќност од 140 коњски сили и 265 Nm вртежен момент е напојуван од електричен. Иако, перформансните податоци изгледаат малку непредизвикувачки во споредба со неговите конкуренти, сепак треба да се земе во обѕир фактот дека Mazda го позиционира моделот како втор автомобил.

Повеќе прочитајте на Avtoplus.mk