Кои земји најмногу увезуваат мобилни телефони?

94

Земјите од Европа најмногу увезуваа мобилни телефони, стои во анализата на World Top Exports. Лани увозот на овој производ ги чинел 106,3 милијарди долари или 36,1% од вкупната сума на светско ниво.

Најголеми увозници на мобилни телефони во светски рамки се САД со потрошени 53,9 милијарди долари, Хонг Конг 42,1 милијарди долари, Холандија 20 милијарди долари, Јапонија 17,6 милијарди долари и Германија со потрошени 12,7 милијарди долари за увоз.

Македонија е на 102 место со 67,8 милиони долари потрошени за увоз на мобилни телефони минатата година.

Пред нас е Грција на 53-место со 503,9 милиони долари, Бугарија е 59-та со 397,3 милиони долари, Словенија е на 65-то место со 327,3 милиони долари, Србија е 67-ма со 310,9 милиони долари, Хрватска е на 70-та позиција со 302,4 милиони долари, а БиХ е 99-та на листата со 77,7 милиони долари.

Единствено зад нас од земјите во регионот се наоѓа Албанија со 39,7 милиони долари на 111-то место.

Фото:Pexels