HoReCa претставува кратенка од HOtel, REstaurant, CAffe или Catering, а се користи во угостителството. Овој термин ја опфаќа целокупната индустрија на храна и пијалаци, а подразбираат складирање, подготовка, сервирање и слично.
Овој поим потекнува од Холандија, а најмногу се користел меѓу европски и претприемачи од Азија. Со текот на време, овој глобален пазар добивал на големина и значење поради тоа што изразот HoReCa стана препознатлив во целиот свет.
Се работи за една од најдинамичните и најраспространети дејности, коишто ги има насекаде во светот. Со нивна помош се развиваат и дополнителни дејности, како што се транспорт, набавка, преработка и слично.
Инаку, хотелите, рестораните, кафулињата и компаниите што нудат кетеринг, во последните неколку години се важен сегмент од европската економија. Сите овие дејности заедно чинат околу две третини од вкупниот промет. Иако во светот постојат големи и успешни хотели, ресторани за брза храна, елитни ресторани, во овој сектор сè уште доминираат помали и семејни компании, како што се слаткарници, пекарници, кафулиња и слично.
Фото: Pixabay