Harvard Business Review (HBR) го објави својот годишен извештај каде се рангирани најдобрите директори во светот. Топ 100 CEOѕ листата годинава за прв пат не го вклучува Џеф Безос, а од HBR велат дека тоа е поради сменетиот начин на рангирање.
Во анализата се обработуваат неколку фактори како финансискиот перформанс, социјалниот импакт и влијание врз околината, како и начинот на раководење.
На листата од вкупно 100 луѓе, има само четири жени, а следниве извршни директори се најдоа во топ 10.
Бернард Арно – LVMH
Извршен директор од 1989 година
Земја: Франција
Сатја Надела – Microsoft
Извршен директор од 2014 година
Земја: САД
Јохан Теијс – KBC
Извршен директор од 2012 година
Земја: Белгија
Аџај Банга -Mastercard
Извршен директор од 2010 година
Земја: САД
Шантану Нариен – Adobe Systems
Извршен директор од 2007 година
Земја: САД
Игнасио Галан -Iberdrola
Извршен директор од 2001 година
Земја: Шпанија
Ричард Темплтон – Texas Instruments
Извршен директор од 2004 година
Земја: САД
Франсоа Хенри Пино -Kering
Извршен директор од 2005 година
Земја: Франција
Марк Бениоф – Salesforce
Извршен директор од 2001 година
Земја: САД
Џенсен Хуанг – Nvidia
Извршен директор од 1993 година
Земја: САД
Фото: Facebook