Тестаментот на принцезата Дијана: Пример за сигурно наследство и осигурана иднина

647

Принцезата Дијана или како што ја викаа Лејди Ди ја носеше титулата Принцеза од Велс. Таа во својот краток животен век беше спој на убавина, елеганција, харизма и хуманост. Од целиот свет беше прогласена за Принцеза на народот и Кралица на срцата. Светот за неа дозна од Свадбата на векот, кога таа и принцот Чарлс се заколнаа на вечна љубов. Свадбата се одржа на 29 јули 1981 година. Тогаш Дијана имаше 20 години, а нејзиниот избраник принцот Чарлс 32 години. За прв пат во историјата, тоа беше најгледан настан со телевизиска публика од 750 милиони луѓе. Улиците во Лондон беа претесни да ги примат 600.000 луѓе, кои беа излезени да го видат настанот на векот.

Разделба од Принцот Чарлс и две нови љубовни врски

По само една деценија, парот реши да се раздели и во декември 1992 година официјално се разведоа. Потоа Дијана влезе во две љубовни врски, едната со Хаснат Кан, хирург од Пакистан. Поради сериозноста на врската, големиот притисок и религиските разлика, ја прекинуваат врската. После тоа, веднаш започнува врска со Доди Ал Фајед, со кого и загинува на 31 август 1997 година во мистериозна сообраќајна незгода во Париз.

Тестаментот на принцезата од Велс

Дијана е најомилениот член на британското кралско семејство, кој инстантно го освои светот, а подоцна го растажи со прераната трагична смрт. Копиите од тестаментот на принцезата Дијана беа објавени поради тоа што семејниот адвокат го опиша како важен јавен интерес. Весниците открија дека најголем дел од имотот на Дијана од 35,6 милиони долари – 21,3 милиони долари, откако ќе се одбијат даноците, ќе се поделат во еднакви количини за нејзините двајца синови, тогаш 15-годишниот Принц Вилијам и 13-годишниот Принц Хари. Секој ќе го наследи својот удел на неговиот 25-ти роденден. Другите корисници се 17 внуци на Дијана и нејзиниот поранешен батлер Пол Барел, кој добива 82.000 долари. Повеќето од имотот на принцезата доаѓа од проценетата вредност на разводот од 28 милиони долари што го добила од Принцот Чарлс.

Целиот текст на тестаментот

Јас, Дијана, Принцезата на Велс од палатата Кенсингтон Лондон W8, на моја одговорност ги повлекувам сите мои искажани волји направени лично од мене и изјавувам дека ова е мојата последна волја што ја правам овој прв ден од јуни илјада деветстотини и деведесет и трета година (1993).

  1. Ја назначувам мојата мајка, THE HONOURABLE MRS. FRANCES RUTH SHAND KYDD of Callinesh Isle of Seil Oban Scotland and COMMANDER PATRICK DESMOND CHRISTIAN JERMY JEPHSON of St. James’s Palace London SW1, да бидат извршители и доверители на оваа моја волја
  2. Сакам да бидам погребана
  3. Секое од моите деца, по мојата смрт, за нивна безбедност и растење, ги назначувам мојата мајка и мојот брат Еарл Спенсер, да бидат чувари на тие деца и јас искажувам конечна волја дека треба да бидат исконсултиран мојот маж и тој ќе се консултира со мајка ми во однос на воспитанието, образованието и благосостојбата на нашите деца
  4. Ги задолжувам моите извршители на тестаментот да се грижат за плаќање на данокот за имотот, да се грижат за целата моја оставина, како и за моите белешки, моите лични работи.
  5. Предмет на исплата ќе бидат и сите давачки за извршување на погребот, а воедно и за тие што ќе се погрижат за сите додатни давачки што ќе излезат од погребот. Мојот син Хари го добива невестинскиот фустан, а Вилијам го добива 18-каратниот венчален прстен.
  6. Моите извршители да ја разделат оставината од антички часовници до неколку уметнички слики до моите 17 внуци. На мојот батлер и пријател, Пол Барел му оставам 95.000 фунти во кеш.
  7. Законските и правични правила на распределба не се применуваат на мојата волја и сите дивиденди и други исплати во вид на приход што ги добиле од доверителите ќе се сметаат како приход на денот на приемот, без оглед на периодот за кој дивидендата или други приходот се плаќа.
  8. Моите извршители да се погрижат за компанијата која ќе стопанисува со моите недвижности.
  9. Секое лице кое нема да преживее во рок од најмалку три месеци, по стапување на сила на овој тестамент, ќе се смета дека ќе мора да се направи промена на извршителот заради утврдување на нов извршител кој ќе се грижи за преносот на мојот имот и приходот од истиот.
  10. Доколку во било кое време, извршител или доверител е професионално или деловно лице, надоместокот може да се изврши на вообичаен начин за целата работа направена од тоа лице или негова фирма или компанија или кој било партнер или вработен.