
Европската централна банка (ЕЦБ) веројатно ќе ги зголеми каматните стапки во декември, но не е сигурно каква ќе биде насоката на монетарната политика потоа, изјави членот на Управниот совет на ЕЦБ и гувернер на холандската централна банка, Олаф Слајпен.
Тој истакна дека Европската централна банка применува пристап на донесување одлуки на секој состанок по состанок, па затоа ќе донесеме одлука на следниот состанок во декември, објави Ројтерс.
„Сепак, би рекол дека насоката на движење е јасна“, рече Слајпен.











