
Очекувањата на германските индустриски компании во врска со извозот се влошија во ноември, според извештај објавен денес од Институтот за економски истражувања (Ifo) во Минхен.
Вредноста на индикаторот што ги мери очекувањата на извозниците падна од октомвриските 11,7 поени на 9,6 поени, но голем број компании сè уште очекуваат раст на извозот, изјави раководителот на истражувањето на Ifo, Клаус Волрабе.
Во автомобилската индустрија, оптимизмот од претходниот месец беше претежно задржан, додека производителите на машини и опрема исто така очекуваат зголемување на извозот, но во помала мера отколку претходно.











