Најлесниот десерт на светот тежи само еден грам

49

Британското студио за дизајн на храна, Bompas & Parr го создаде најлесниот десерт на светот, којшто тежи само еден грам. Станува збор за еден вид на целувка (слатка од белки и шеќер) којашто е создадена со помош на процес со којшто се креира најлесниот материјал.

За да го направат десертот, дуото Сем Бомпас и Хери Пар соработувале со експерти за материјали во лабораторијата Aerogelex во Хамбург, Германија.

Aерогел е материјал изработен во 1930 година од страна на американскиот хемичар Семјуел Кистлер кој патентирал метод за отстранување на течниот елемент од гел и негова замена со гас.

Овој “гел“ може да се изработи од различни материјали, за студиото за потребите на десертот се фокусираше на одредени протеини што ги има во белките од јајцата.

Фото: Youtube