Почна да се гради третиот мост на Босфор, погледнете како ќе изгледа

310

most

Започна изградбата на третиот мост на Босфорот кој ќе ги поврзува азиската и европската страна на Истанбул, со свечена церемонија што се одржа вчера.

Мостот со осум возни ленти, од кои две ќе бидат шински, ќе биде еден од најдолгите висечки мостови и ќе биде широк 59 метри, со што ќе биде најширокиот мост во светот. Ќе го гради турско – италијански конзорциум, а отворањето е планирано за 2015 година. По изградбата, приватните компании кои ќе учествуваат во проектот ќе имаат право да ги собираат патарините извесен период, пред да и го предадат мостот на државата.

Проектот ќе чини три милијарди долари и има за цел да го намали сообраќајниот метеж во градот кој има скоро 15 милиони жители. Но, многумина се загрижени дека мостот нема да го намали метежот, туку само ќе доведе до уништување на преостанатите зелени површини во Истанбул во близина на брегот.

Турскиот претседател Абдула Ѓул изјави дека новиот мост ќе го носи името Јавуз Султан Селин, по отоманскиот султан кој владеел од 1512 до 1520 година.

Европската и азиската страна на Истанбул засега се поврзани со Босфордски мост и Мостот султан Мехмад Освојувачот.