Нашиот главен град и унгарската престолнина се оддалечени околу 805 километри или осум часа возење со автомобил. Но, колку овие два град се различни со цените, ќе ни помогне анализата на Numbeo.
Целосен оброк за две лица во просечен ресторан во Скопје чини околу 16,26 евра, а за истото тоа во Будимпешта треба да одвоите околу 30 евра, што е 84% поскапо. Ако во истиот ресторан порачате газиран сок од 0,33 литри, кај нас ќе платите 1,27 евра, а во Будимпешта 20% поевтино или 1,01 евра.
Литар млеко во супермаркет во Скопје има просечна цена од 0,84 евра, а во Будимпешта 15% поевтино или 0,71 евра. Разлика 50% има кај цената на лебот, па така една векна од половина килограм кај нас се продава по 0,47 евра, а во Будимпешта 0,71 евро. Една кутија од 20 цигари во Скопје во просек чини 2,28 евра, а во Будимпешта 71% повеќе или 3,91 евра.
Кога во прашање се такси услугите во двете престолнини, старт во нормална тарифа кај нас чини 0,65 евра, а во Будимпешта 2,10 евра или 223% поскапо. Еден километар поминат со такси кај нас се наплаќа околу 0,41 евра, а во Будимпешта 0,90 евра или 121% поскапо.
Месечните трошоци за вода, струја, греење, ладење… кај нас се околу 107 евра, а во унгарската престолнина 32% повеќе или 143 евра. Една минута разговор во припејд кај нас чини 0,10 евра, а во Будимпешта 0,08 евра или 15,90% поевтино.
Ако родители во Скопје решат да го запишат своето дете во приватно основно училиште, треба да платат околу 3.165 евра. За истата намена во Будимпешта треба да се одвојат 96% повеќе пари или околу 6.206 евра.
Кога ги анализираме цените на наемнините, стан со една спална соба во центарот на Скопје е околу 229 евра, а во Будимпешта 481 евро или 109% поскапо. Ако некој сака да купи стан во центарот на градот треба да одвои 1.227 евра, а во Будимпешта 136% поскапо или 2.904 евра.
Просечната месечна исплатена нето плата во Скопје е околу 391 евро, додека во Будимпешта 95% повеќе или 766 евра.
Фото: Pixabay