Иран пронајде нафтено поле што се проценува дека содржи 53 милијарди барели сурова нафта

64

Иран пронајде ново нафтено поле во земјата коешто се проценува дека содржи околу 53 милијарди барели необработена нафта.

Полето се протега на површина од 2.400 километри квадратни во провинцијата Кузестан, а длабоко е околу 80 метри, пишува CNN.

Ова ќе биде второ по големина нафтено поле во Иран, после тоа во Ахваз кое што се проценува дека содржи 65 милијарди барели сурова нафта.

Земјата моментално се проценува дека има околу 155,6 милијарди барели нафта.

Иран е четврта по големина земја според нафтени резерви, а втора по резерви со гас.

Фото: Pixabay