LARQ е шише за вода со вграден систем за прочистување, којшто работи на литиум полимерна батерија.
Патентираните UV-C LED светла траат 40 минути повеќе од обичните, коишто се базирани на UV технологија со жива. Батериите треба да се заменуваат месечно, односно во зависност од користење на шишето.
Тимот на LARQ ја искористи истата UV технологија применета во болниците за стерилизација, со цел да создаде единствено преносно решение.
Водата во шишето се чисти со помош на UV светлина вградена во капачето. Со допир на копче што се наоѓа на горниот дел водата се чисти за 60-тина секунди.
За дополнителна безбедност, водата во LARQ продолжува автоматски да се стерилизира шест пати во текот на денот.
Во шишето можат да се стават и други течности. Истото ги одржува пијалаците ладни 24 часа, додека топлите пијалаци остануваат топли до 12 часа.
Фото: LARQ