Adidas ги затвора фабриките за патики во Германија и САД

67

Спортскиот гигант Adidas ги затвора своите таканаречени Speedfactory или брзи фабрики во Германија и САД и го сели производството во Азија, пишува Forbes.

Планот на брендот беше да го донесе производството на обувки поблизу до купувачите и да ги намали штетни гасови што се создаваат со транспортот, но сепак се одлучи да ја пренасочи технологијата во Кина и Виетнам.

Од компанијата велат дека производството во двете постоечки фабрики, каде се правеа еден милион патики годишно, ќе се затворат најдоцна до април следната година.

Двата објекта што Adidas ги нарекува Speedfactories, користат 3D технологија за да произведат патики, односно рачното лепење и моделирање е заменето со роботи.

Фото: Pixabay