Основачот на социјалната мрежа Twitter, којашто вреди милијарди долари и е втора по користење веднаш по Facebook, има некои интересни и чудни навики во својот живот. Еве што Џек Дорси прави секој ден за да има енергија и да биде креативен.
Медитира два пати во денот
Медитацијата е докажан начин за релаксирање, а основачот на Twitter медитира еден час наутро и еден час навечер.
Оди пеш до работа
Пешачењето, исто така, е одлична активност и затоа Дорси оди пеш до работа, а понекогаш за тоа му треба еден час и 15 минути.
Седум минутни вежби
Кога Дорси не оди пеш на работа практикува да вежба седум минути. За таа цел најчесто користи велосипед за вежбање.
Сауни и капење во мраз
Една интересна активност што бизнисменот ја применува е 15-минутно седење во сауни проследено со три минутно капење во када со мраз. Тој го повторува процесот три пари и завршува со едноминутно капење во ладна вода.
Ламба со инфрацрвени зраци и стоечко биро
Кога работи од дома Дорси практикува да стои, наместо да седи и користи светилка со инфрацрвени зраци.
Еден оброк во денот
Основачот на Twitter јаде само вечера и тоа е некаде од 6:30 до 9 навечер. Таа се состои од риба, пилешко или стек со салата, спанаќ и аспарагус. За десерт јаде бобинки и темно чоколадо и пие црвено вино.
Следење на спиењето
Дорси внимава добро да се наспие, а според него тоа е возможно со водење на строг распоред. Негова цел е да се постигне што подолготраен длабок сон или сон во REM фазата.
Водење на дневник
На посебна апликација Notes на неговиот телефон iPhone го запишува она што е најбитно во денот, односно прави ретроспектива на изминатите 24 часа.
Фото: Facebook