Меркатор ќе добие pop up продавница без продавачи

101

Словенечки Меркатор ја најави својата прва паметна или таканаречена pop up продавница, пренесуваат тамошните медиуми.

“Развиваме возбудливи решенија. Следниот модел од странство, наскоро ќе воспостави тест pop up продавница во којашто ќе може да се купува без присуство на продавач. Станува збор за мобилна продавница за минувачи и сите оние кои сакаат сосема ново искуство во купувањето – надзор на влезот и излезот, електронски ценовник, каси со самопослужување за плаќање со картички, виртуелен асистент за помош и слично“, изјави Кристина Грегориќ, помошник на претседателот на Меркатор, Томислав Чизмиќ.

Меркатор и претходно воспостави мрежа на таканаречена тик так каса, каде купувачите сами ги скенираат и плаќаат производите. Овој синџир на супермаркети, исто така е единствен во Словенија по тоа што има сопствен M – pay паричник, којшто овозможува едноставен преглед при купување.

Фото: Facebook