Според извршниот директор на Levi Strauss & Co. Чип Берг, најдобрите и најиновативните идеи доаѓаат кога сте малку ограничени.
Доколку не се водите според никакви правила, иновацијата и целиот тим оговорен за неа ќе “изгуби компас“, пишува CNBC.
Легендарниот американски производител, којшто постои 166 години, последните неколку години максимално се фокусира на иновативните идеи и одржливоста.
Така, тие се ослободуваат од штетни материјали во производството, го намалуваат тешкиот физички напор на текстилните работници, што е потребен за да се изработат оригиналните фармерки и слично.
Levi’s за прв пат излезе на берза по цели 34 години во март годинава. Компанијата за тексас ја имаше својата прва иницијална понуда во 1971 година.
Еден од најголемите чекори што Levi’s ги направи за раст на бизнисот е отворање на Eureka Innovation Lab во 2013 година. Токму Eureka Innovation Lab стои зад иновативните решенија на компанијата технологијата Water<Less и проектот F.L.X.
Water<Less овозможува Levi’s значително да ја намали количината на вода што ја користи при производството. Според Берг, досега на овој начин се заштедени три милијарди литри вода.
Минатогодишниот проект F.L.X. е поврзан со користење на ласери во финалниот дел од изработката на фармерките.
Фото: Pixabay