PayPal ја купува платформата за шопинг Honey за четири милијарди долари

74

PayPal потпиша договор за купување на платформата Honey, којашто на корисниците им нуди попусти и награди.

Зделката се проценува на четири милијарди долари, а PayPal се одлучи на овој чекор поради зголемената конкурeнција од технолошките компании, како Apple, Google и Facebook, коишто, исто така, нудат свои форми на онлајн плаќање.

Honey Science Corporation работи и како веб пребарувач и мобилна апликација, пишува CNN.

PayPal има повеќе од 275 милиони активни сметки од корисници и 24 милиони трговски сметки.
Honey, којашто има 17 милиони активни корисници месечно, е основана во 2012 година, а седиштето ѝ е во Лос Анџелес.
Фото: Pixabay