Tesla го претстави дизајнот на долгоочекуваниот електричен пикап, во своето студио во Калифорнија.
Таканаречениот Cybertruck изгледа како метален трапезоид каде што делот за седење и оној за товар се споени во едно. Надворешниот дел е изработен од истиот нерѓосувачки челик што се користи и во ракетите на SpaceX.
Илон Маск на презентацијата потенцираше дека возилото е отпорно на куршуми, може да влече повеќе товар од Ford F-150 и дека има подобри спортски перформанси од Porsche 911, пишува The Verge.
Најскапата верзија на пикапот ќе биде Tri Motor All-Wheel-Drive, којашто ќе има носивост 1.580 килограми и ќе постигнува 60 километри на час за 2,9 секунди.
Електричното возило ќе може да помине 804 километри со едно полнење. Основната верзија на пикапот ќе чини 39.900 долари а производството е закажано за 2021 година.
Фото: Facebook