Групацијата LVMH ќе го откупи познатиот американски луксузен бренд Tiffany & Co. за 135 долари по акција или 16,3 милијарди долари.
Претставници од одборите на двете компании за ова преземање дискутираа уште минатиот месец.
Tiffany, којашто е основана во Њујорк уште во далечната 1837 година и којашто беше дел од холивудскиот филм Breakfast at Tiffany’s, последните неколку години се соочува со проблеми.
Од 2015 година па наваму продажбата и профитот на производителот на накит се во опаѓање, пишува CNBC.
Групацијата LMVH со седиште во Париз, има годишен приход од 50 милијарди долари од брендовите Louis Vuitton и Dom Périgno коишто се во нејзина сопственост.
LVMH планира Bulgari и Tiffany да бидат одделни брендови, кога аквизицијата ќе се финализира.
Фото: Facebook