Скопје vs Прага

268

Скопје од главниот град на Чешка е оддалечен околу 13 часа возење со автомобил, а со податоците на Numbeo ќе ги анализираме разликите во цени во овие два европски града.

Ако сакате да ручате во ресторан во Прага за тоа ќе треба да платите околу шест евра, а ако сакате тоа да го направите во Скопје ќе ве чини околу 20% помалку или 4,88 евра. Шолја капучино во ресторан или кафуле во нашиот главен град ќе ви го наплатат околу1,38 евра, а за тоа исто такво кафе во Прага ќе треба да платите 2,09 евра или околу 51% повеќе.

Литар млеко во супермаркет во Прага е поевтин за 8% за разлика од кај нас и чини 0,76 евра, додека во Скопје има просечна цена од 0,83 евра. Еден килограм домати кај нас има просечна цена од 0,87 евра, додека во Прага 95% поскапо или околу 1,70 евра. Пиво од половина литар, од домашно производство, во Скопје е околу 0,75 евра, а во Прага 11% помалку или 0,66 евра.

Месечен билет за јавен транспорт во Скопје има просечна цена од 24,40 евра, а во Прага е 11,60% поевтин и чини 21,57 евра.

Месечните трошоци за струја, вода, греење, ладење… за еден стан од 85 метри квадратни кај се околу 108 евра, а жителите на Прага плаќаат 59% повисоки сметки или околу 172 евра.

Разлика од 305% има кај цените за метар квадратен на стан во централното градско подрачје. Во Скопје просечната цена е 1.229 евра, а во Прага над 4.900 евра.

Просечната месечна нето плата во Прага е 1.198 евра или 208% повисока од онаа што се исплаќа во Скопје.

Фото: Pixabay