Кои се условите за аплицирање на повикот Рурална жена

77

Целта на мерката Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство е подобрување на целокупните резултати од работењето на земјоделското стопанство и достигнување на повисоки стандарди од минималните утврдени со законите од областа на земјоделството или новововедени стандарди од областа на земјоделството.

Инвестициите согласно оваа мерка се наменети за зголемување на ефикасноста на производството преку намалени трошоци за земјоделско производство, подобрување на квалитетот на земјоделско производство и достигнување на повисоки стандарди од минималните стандарди утврдени со закон.

Кој може да аплицира

На повикот може да аплицираат земјоделски стопанства чии носители се жени и тоа:

  • физичко лице – индивидуален земјоделец со живеалиште во рурална средина;
  • правно лице – трговско друштво или трговец поединец со седиште во рурална средина.

Секој барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања по различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за 2019 година.

Корисникот може да го поднесе следно барање на јавен повик само доколку инвестициите од претходните јавни повици се целосно завршени.

Барателите треба да го ажурираат статусот и податоците на земјоделското стопанство во Единствениот регистар во земјоделски стопанства и истото можат да го направат во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Висина на финансиска поддршка

Преку овој повик се доделуваат неповратни финансиски средства во максимален износ од 180.000 денари.

Висината на поддршката е до 100% од прифатливите трошоци.

Повеќе информации околу начинот на аплицирање можете да најдете на следниов линк.

Фото: Pixabay