Франција најголем извозник на шампон, САД најголем увозник

87

Шампонот е производ за лична хигиена без којшто денес не можеме да си го замислиме капењето во бања. На пазарот има премногу брендови и разни типови на шампони, но кога станува збор за извозници во оваа индустрија се одвојуваат неколку земји.

Франција е на прво место со заработени 435 милиони долари од извоз, Германија е втора со инкасирани 416 милиони долари од извоз, а Тајланд е трет со заработени 370 милиони долари од извоз.

Најголеми увозници на овој хемиски производ се САД со потрошени 261 милион долари за увоз, Велика Британија со 226 милиони долари и Германија со вложени 216 милиони долари за увоз на шампони.

Македонија најмногу увезува шампони од Италија (34%), Германија (20%) и Романија (13%), а најмногу извезува во Србија (60%), БиХ ( 21%) и Црна Гора (7%).

Од извоз на овој производ земјава заработила 1,26 милиони долари.

Фото: Pixabay