Byton ќе може слободно да се продава во САД

55

Kинеската старт – ап компанија за електрични возила Byton доби лиценца којашто ѝ дозволува да започне со продажба во САД од 2021 година.

Компанијата, во која државната FAW Group поседува 15% од акциите, соопшти дека сојузната држава Калифорнија им издала лиценца за продажба на нивниот субјект за малопродажба Byton Cars California LLC, како и дистрибутерска лиценца за нивниот северноамерикански дистрибутивен ентитет, Byton Americas LLC. Овие две ќе ја сочинуваат основата на она што во компанијата го нарекуваат хибриден модел на малопродажба во САД.

Тоа значи дека Byton ќе може да продава директно на клиенти во Калифорнија и преку интернет на клиентите во останатите држави по цена од 45.000 долари.

“Правиме модел за малопродажба којшто никогаш претходно го немало во САД. Важно е да ги наместиме вистинските делчиња на вистинското место за да го направиме искуството со Byton лесно за уживање кога ќе започнеме со продажба во САД во 2021 година“, велат од Byton Americas.

Тие, исто така, истакнаа дека новиот M-Byte е на пат да биде лансиран во Кина следната година, по што следуваат САД и Европа во 2021. Пред-производството на EV започна во Нанџинг, Кина на 24-ти октомври. Ако сè се одвива според планот, Byton може да стане првиот кинески производител на автомобили којшто ќе ги продава своите производи во Соединетите Американски Држави.

Byton, исто така, најави соработка со Electrify America. Тоа ќе им се овозможи на сопствениците на M-Byte во САД да имаат пристап до мрежата на Electrify America за брзите јавни станици за полнење.

Како дел од програмата, купувачите на M-Byte EV ќе добијат две години бесплатен неограничен 30-минутен пристап до станиците за полнење, како и неограничено 60-минутно полнење на сите јавни полначи на Electrify America.

Преземено од Avtoplus.mk.