VX1 – холограмска табла што може да се гледа без очила

90

Австралиската компанија Voxon Photonics создаде холограмска табла што креира интерактивни 3D фотографии што лебдат во воздух. Сето ова може да го следат група луѓе на кои не им се потребни дополнителни очила или опрема за гледање.

Таблата се нарекува VX1, а нејзината цена е 10.000 долари, пишува New Atlas.

Досега проектирање на ваква технологија не можеше да се види без специјални очила, коишто според компанијата, целото искуство го прават помалку социјално, односно луѓето не се гледаат во очи.

VX1 таблата го елиминира овој момент, па “гледачите“ можат активно да комуницираат меѓу себе додека “трае шоуто“. Холограмската маса има стакло над проектирани слики и може да прикаже холограмска слика со димензии 18x18x8, видео, игра или интерктивна визуелизација на податоци.

Од компанијата ја опишуваа VX1 како еден вид на 3D печатење на слика во воздух.

Фото: Facebook