Извршната директорка на YouTube не им дозволува на своите деца да гледаат видеа на каналот

73

Сузан Војчички, извршната директорка на YouTube, не им дозволува на своите деца да гледаат видеа на каналот, освен ако не ја користат детската верзија.

Таа, исто така, го ограничува времето што нејзините пет деца можат да го поминат гледајќи видеа. YouTube Kids е верзија на платформата наменета за деца помали од 13 години, пишува Rolling Stone.

Апликацијата користи прилагодена содржина на видеа и реклами што, како што велеа оттаму, на никаков начин не може да им наштети на најмладите.

Сепак, YouTube Kids наиде на низа контроверзии, поради коишто се воведе построга родителска контрола од страна на компанијата.

Можеби тоа е токму една од причините што Војчички строго ја контролира содржината што нејзините деца можат да ја гледаат исклучиво на YouTube Kids.

Фото: Facebook