Рударски отпад во Бор “крие“ бакар и злато вредни 720 милиони долари

82

По петгодишни истражувања, Институтот за рударство и металургија од српскиот град Бор и јапонскиот Универзитет Акита, дошле до сознание дека во рударски отпад се “кријат“ бакар и злато чија вредност е над 720 милиони долари, пишува Вечерњи новости.

Со испитување на површина од 10.000 квадратни километри, за што биле користени два сателита на Јапонската вселенска агенција, било утврдено дека од рударски отпад со примена на нова технологија, ќе може да се “извлечат“ околу 90.000 тони бакар и четири тони злато, чија вредност е поголема од 720 милиони долари.

“Пред пет години, на основа на соработка, започна проект во висина од пет милиони долари, што има за цел да го истражи просторот кој бил под непосредно влијание на рударско производство. На основа на тие истражувања, се дојде до податоците дека во рударскиот отпад, по актуелната цена на металите се ‘заробени’ повеќе од 720 милиони долари“, изјави Миле Бугарин, директор на Институтот за рударство и металургија од Бор.

Фото: Pexels