Скопје од главниот град на Исланд е оддалечено околу 4.710 километри. Доколку некогаш ве носи патот во Рејкјавик, добро е да знаете како се движат цените, според Numbeo.
Ако сте во Рејкјавик и сакате да имате комплетен оброк во ресторан, за тоа ќе треба да платите околу 111 евра, што е 586% поскапо одошто во Скопје (16,25 евра). Ако во ресторан или кафуле порачате вода од 0,33 литри, во Скопје ќе платите 0,76 евра, а во исландската престолнина 164% повеќе или нешто над две евра.
Килограм портокали во продавница во Скопје имаат просечна цена од 0,87 евра, а во Рејкјавик е 129% поскапо или 1,99 евра. Еден килограм компири кај нас чинат околу 0,50 евра, а во главниот град на Исланд 276% повеќе или 1,90 евра.
Литар бензин во Рејкјавик има просечна цена од 1,67 евра, што е 51% поскапо од кај нас (1,10 евра).
Во Рејкјавик за стан од 85 метри квадратни, просечните месечни трошоци за струја, вода, смет се околу 86 евра или 21% пониски од трошоците во Скопје (109,75 евра).
Изнајмување на стан со една спална во центарот на Скопје во просек е околу 234 евра, а во главниот град на Исланд 540% повеќе или 1.501 евро. Цената на еден метар квадратен за стан во централното градско подрачје кај нас се движи околу 1.230 евра, а во Рејкјавик 265% поскапо или 4.504 евра.
Над 667% е разликата меѓу исплатената просечна месечна нето плата. Во Скопје таа е околу 388 евра, а во исландската престолнина 2.985 евра.
Фото: Pixabay