Скопје vs Хавана

111

Над 9.300 километри е оддалечено Скопје од главниот град на Куба. Преку Numbeo ќе направиме анализана на цените, доколку сакате да отпатувате во Хавана.

Една шолја капучино во кафуле или ресторан во Хавана чини 1,31 евра, односно над 4% поевтино од Скопје (1,38 евра). Газиран пијалак во Скопје ќе ви наплатат 1,27 евра, а во Хавана 1,33 евра, што е 4,8% поскапо.

Еден литар млеко во продавница во Скопје има просечна цена од 0,84 евра, додека во Хавана надминува две евра. Килограм јаболка во Скопје има цена од 0,75 евра, додека ова овошје во Хавана е 409% поскапо и се продава за 3,83 евра.

Билет во еден правец со локален превоз кај нас е 0,57 евра, додека во главниот град на Куба чини само 0,07 евра или 88% помалку.

Месечните трошоци за еден стан од 85 метри квадратни за струја, вода… во Скопје се околу 109 евра, а во Хавана 85% помалку или само 16 евра.

Цената на еден метар квадратен стан во центарот на Скопје е околу 1.233 евра, додека во Хавана е 81% поевтин или 233 евра.

Еден просечен Кубанец зема нето плата од 27,60 евра или 92% помалку одошто кај нас (389 евра).

Фото: Pixabay