Божиќната реклама на стоковната куќа John Lewis веќе со години е најисчекуваниот празничен спот. Ѕвезда на минатогодишната реклама беше Елтон Џон, а оваа година главниот глумец е анимираниот, сладок змеј Едгар.
Божиќната реклама секоја година го разнежнува светот. Приказни за магични јунаци, разочарувања и на крајот среќа. Оваа година запознајте го Едгар, мал, возбуден змeј кој не може да престане да се одушевува на ситни детски радости, а притоа да запали сè околу себе.
Успеа да стопи езеро, уништи елка, но и оваа година најважен подарок што може да го даде и прими е љубовта и прифаќањето.
Погледнете ја рекламата.