Хрватска го има најздравото екстра девствено маслиново масло

212

Екстра девствените маслинови маслинови масла од Хрватска се најздрави во Европа, тврди Хрватската радио телевизија, повикувајќи се на хемиска анализа, којашто покажала дека овие масла се најбогати со феноли.

“Ние немаме толку интензивно производство. Кога станува збор за овој вид на производ, тоа е и добро. Штом го интензивирате производството, тоа не е тоа, бидејќи вистинското масло е како рачна изработка“, вели Теа Билушиќ од Хемиско – технолошкиот факултет од Универзитетот во Сплит.

Во конкуренција на грчки, шпански и италијански, како што се наведува, хрватските маслинови масла се најбогати со здрави соединенија на феноли, што ги штитат крвните садови.

“Европската легислатива се однесува на минимален удел од 250 милилитри на еден килограм во просек, ние имаме помеѓу 600 и 700, а имаше и примероци коишто надминуваа 2.000“, вели таа.

Резултатите од ова истражување ќе овозможат хрватското маслиново масло да добие посебна европска здравствена ознака, којшто освен во туризмот, ќе отвори и, како што се наведува, пат и во фармацевтската индустрија.

Фото: Pixabay