Исповед на милијардер: Како банкротот се претвори во најдобрата работа што ми се случила

1259

Долго пред да постигнe успех како основач на Bridgewater Associates, најголемиот светски хеџ фонд, Реј Далио се соочил со многу неуспеси. Но, како што наведува во неговата книга Principles for Success (Принципи за успех), низ неговите борби успеал да акумулира стотици принципи, пренесува CNBC.

“Принципите се начини на справување со реалноста за да го добиете она што го сакате од животот – и тие се, повеќе од било што друго, одговорни за секој успех што сум го постигнал во мојот бизнис и во мојот личен живот“, нагласува Далио во својата книга.

Во неговата нова книга Принципи на успехот споделува неколку принципи според кои живее, но има три за кои верува дека се особено важни и се менуваат во живот:

Мислете сами за себе и бидете со отворен ум

Ова е негов прв и најважен принцип. Ако не сакате други да ви го водат и ограничуваат животот, мора да се посветите на две работи: Одлучете сами за себе што сакате да направите и имајте храброст за тоа. Ќe наидете на милиони настани за кои ќе треба да донесете милиони одлуки. Квалитетот на вашите одлуки ќе го одреди квалитетот на вашиот живот. Добрите одлуки ќе ве наградат со добри исходи, а лошите ќе ви наштетат.

Соништата + реалност + одлучност = успешен живот

Ако останете фокусирани на остварување на вашите соништа, преземете одговорност за разбирање на реалноста што влијае врз вас и сторете го тоа решително, така ќе ги научите принципите за успешен живот. Но, само вие можете да одлучите што значи “успешен живот“. Она што го сакате зависи од вас – сè додека сте среќни, здрави и имате своја голема еволуција (придонесувате за развој). Но, мора да ја прифатите реалноста што доаѓа по патот што ќе го одберете.

Болка + размислување  = Напредок

Далио голем неуспех доживува во 1982 година, кога мислел дека ќе се случи криза што никогаш не се случи. “Пазарите беа многу бурни и верував дека американската економија – заедно со светските  – ќе замине во криза. Ова беше исклучително контроверзен став. Јас ризикував голем ризик и тргував соодветно. Но, јас згрешив, американската економија уживаше во најголемиот неинфлациски период на раст во својата историја. Банкротирав и морав да позајмувам 4.000 долари од татко ми само за да ги платам сметките. Поради загубите, јас бев принуден да отпуштам луѓе за кои многу се грижев – сè додека мојата компанија остана само со еден вработен: со мене.
Но, гледајќи назад, тој неуспех беше една од најдобрите работи што ми се случија. Тој ми даде смиреност што ми требаше за да ја балансирам мојата агресија и да го насочам размислувањето со ‘Јас сум во право’ на прашањето ‘како да знам дека сум во право?’ Можеби мислите дека вашиот живот е уништен и нема начин да се оди напред. Но, тоа ќе помине. Секогаш има најдобриот пат напред, иако можеби не го гледате веднаш. Треба само да се смирите и да поминете време размислувајќи да го пронајдете“, советува Далио.

Фото: Pexels