Најлошите лозинки за 2019 година – Дали и вие користите некоја од нив?

72

Лозинките претставуваат прв чекор кон заштита на податоците на интернет. Но, понекогаш имате премногу места на коишто треба да се логирате, па одбирате лозинка што лесно се памети. Со тоа им ја олеснувате работата на хакерите, бидејќи не треба премногу да се мачат за да ја пробијат лозинката.

Компанијата за управување со лозинки, SpashData, анализирајќи повеќе од пет милиони лозинки што биле откриени по хакерски напади, објави листа на најлошите лозинки за оваа година. Целта на оваа листа е да се предупредат корисниците од опасноста што постои на интернет и како треба брзо да реагираат за да ги заштитат своите сметки на социјалните мрежи, кредитни картички, кориснички профили, портали за е – трговија и слично.

Приматот најлоша лозинка оваа година е 123456, а ова се 10-те најлоши лозинки:

123123

111111

Iloveyou

12345

12345678

1234567

password

qwerty

123456789

123456

Фото: Pixabay