Отворено Роса школо за родителство во Куманово

199

Долгорочниот проект на Пивара Скопје и компанијата Coca – Cola преку Роса, а во партнерство со Министерството за здравство го заокружи својот втор циклус со отворање на третото Роса школо за родителство за 2019 година во Општата болница во Куманово.

Ова е шесто школо од почетокот на проектот во 2018, по отворањето на Роса школите во Скопје, Битола, Гостивар, Струмица и Охрид.

“На претходните отворања веќе најавивме дека до крајот на 2020 година се планирани уште три нови Роса школи за родители, за што потврдува и неодамна потпишаниот Меморандум за соработка со Министерството за здравство, со што овој проект ќе се заокружи со вкупно девет школи за родителство, но не ја исклучуваме можноста проектот да продолжи и по 2020 година. Верувам дека ова школо во Куманово, впрочем како и сите останати, добро ќе работи и благодарение на својот стручен и квалификуван тим, ќе понуди одговори за родителството и негата на бебето за сите заинтересирани идни родители“, изјави Катерина Хаџи-Ангелеска-Начевска, бренд менаџер за безалкохолни пијалаци во Пивара Скопје.

“Вистински нѐ радува фактот што проектот Роса школи за родителство се реализира и во нашата болница и би сакала да ја искористам приликата да се заблагодарам на Пивара Скопје и Министерството за здравство за оваа донација. Располагаме со квалификуван, професионален тим од гинеколог-акушер, педијатар и акушерска сестра, кои во рамки на оваа школа ќе ги извршуваат работилниците и ќе ги охрабрат идните родители од Куманово за успешно родителство, но ќе придонесат и за безбедна бременост и балансиран начин на живот и после породувањето и во периодот на правилна нега и исхрана на детето“, рече Д-р Снежана Захариева, директор на ЈЗУ Општа болница Куманово.

Средствата за опремување и реновирање на Роса школото за родителство се обезбедени од страна на Пивара Скопје, а беа собрани преку претходно спроведена кампања, во која се издвојуваше по еден денар од секое продадено шише Роса вода од 1,5 литри

Обуките се бесплатни и ќе бидат организирани во пет тематски целини, а трудниците и сите заинтересирани идни родители и членови на нивните семејства ќе можат да се информираат и пријавуваат директно во Општата болница во Куманово.