Хрватска пошта воведе автономни роботи

249

Хрватска пошта воведе автономни роботи на хрватската компанија за роботика и вештачка интелигенција Gideon Brothers, за превоз на палети во новиот центар за сортирање.

Со воведувањето роботика во својата работа, Хрватска пошта се подготвува за индустриската револуција 4.0 поврзувајќи ги системите базирани на интернет технологија за воспоставување комуникација меѓу машини, луѓе, производи и работни системи, пренесува Prvivredni hr.

Со примена на роботски системи се намалуваат трошоците за давање услуги, се скратува времетраењето на услужниот циклус и се зголемува ефикасноста. Роботите не ги заменуваат луѓето, туку тие се нивно “оружје“ и им помагаат во достигнување на целите.

Пилот проектот ќе се спроведува четири месеци во складиште и центар за сортирање, а во тој период ќе се обучуваат и работниците кои ќе ги користат роботите.

Автономниот логистички робот може да пренесува товар од 800 килограми и безбедно да маневрира околу луѓе, опрема и други подвижни машини.

Фото: Gideon Brothers