Барања за субвенции за млеко до 15 јуни

41

11-fascinantni-fakti-za-mlekoto-01Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој соопшти дека млекопроизводителите до 15 јуни ќе можат да поднесат барања за субвенции за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од јануари до април 2013 година.

Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар и дополнителни 15% за млеко произведено на одгледувалишта со надморска висина поголема од 700 метри.

Барањата се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде е извршена регистрација на земјоделското стопанство.

Во соопштението се додава дека како доказ за продадено млеко се доставуваат откупни белешки издадени од преработувачки капацитети запишани во регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло.