Научници од Швајцарија развиваат начин со којшто чоколадата може да биде шарена, без да се додаваат било какви хемикалии.
Научници од Федералниот технолошки институт на Швајцарија развиваат метод којшто ќе помогне горниот слој од чоколадото да биде светликав и да ги менува боите на виножитото.
Оттаму велат дека просецот го имитира ефектот на промена на бојата на кожата на камелеоните.
Научниците сметаат дека овој вид на чоколадо наскоро ќе може да се произведува за широка употреба, а веќе преговараат со неколку производители на чоколадо.