Нафтата е запалива течност со темна до зеленикава боја. На англиски јазик се нарекува crude oil oil или petroleum. Рафинирана и преработена, во најголема мера се користи како енергенс и гориво за возилата. Поради нејзината голема побарувачка, ја нарекуваат и “црно злато“.
Јачината и квалитетот на нафтата се мерат според бројот и застапеноста на октаните (јаглеводородни соединенија со осум јаглеродни атоми од редот на алканите) во нејзиниот состав. Се наоѓа во внатрешноста на Земјата и е смеса од јаглеводороди,а јаглеводородите при горење ослободуваат големо количество топлина. Токму затоа, нафтата е главен извор на енергија. Извор е и на т.н петрохемикалии. Тоа е главна суровина за една современа хемиска индустриска гранка, петрохемиската индустрија, од која се добиваат пластични материјали, синтетички влакна, детергенти, експлозиви, пестициди итн.
Каква улога имаат рафинериите?
Рафинериите служат за преработка на суровата нафта и се клучни за хемиската преработувачка индустрија. Во светот постојат повеќе од 600 рафинерии со вкупен годишен капацитет од повеќе од 3,5 x 109 тони. Целта на рафинериите е двојна: да произведат гориво за транспорт и енергија и производство на суровини за хемиската индустрија. Рафинериите претставуваат комплексни фабрики, но високо интегрирани.
Суровата нафта не е униформен материјал. Нејзиниот состав зависи од локацијата на лежиштето. Најголемиот дел од суровата нафта се состои од алкани, циклоалкани (нафтени), ароматични соединенија, полиароматични соединенија, соединенија кои содржат сулфур и др. Тешката сурова нафта содржи поголемо количество полициклични ароматични соединенија. Во некои типови сурова нафта содржината на сулфур е поголема, што наложува нејзина посебна обработка заради еколошки причини.
Обработката на суровата нафта започнува со отстранување на водата и растворливите неоргански соли во неа (десалинизација), а потоа се подложува на фракциона дестилација. Фракционите дестилати не можат директно да се употребуваат. Дестилатите се подвргнуваат на комплексни API густина (API gravity). American Petroleum Institute (API) вовел своја единица за густина, којашто е позната како API – густина (gravity). Таа е мерка за тоа колку се тешки или лесни нафтените деривати (особено суровата нафта) во споредба со водата. Ако API густината на суровата нафта е поголема од 10, таа е лесна и плива врз водата, а ако е под 10 е тешка и тоне во водата. Значи, API густината е инверзна мерка за релативната густина. API густината е без димензионална величина, а се изразува како степени на API густината.
Кој ја регулира нафтата на светскиот пазар
ОПЕК или Организацијата на земји извознички на нафта и нафтени деривати е меѓународна организација на земји извознички на нафта. Во неа членуваат 11 држави: Алжир, Венецуела, Индонезија, Ирак, Иран, Катар, Кувајт, Либија, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија. Тие заедно носат одлука за регулација на пазарот на нафтата. Опек основана во Багдад во 1960 година, на иницијатива на Иран, Венецуела и Саудиска Арабија. Покрај нив, како основачи на ОПЕК се водат и Ирак и Кувајт. Но, веќе следните неколку години им се придружиле и Катар, Индонезија, Обединетите Арапски Емирати и Алжир. Подоцна, во 1970-тите, членки на ОПЕК станале и Нигерија, Еквадор, Габон и неколку други земји.
По т.н. октомвриска офанзива на арапските земји против Израел од 1973 година, земјите на ОПЕК, поддржани од Сирија и Египет, преземале акција. Тие вовеле ембарго на нафта кон САД и другите западни земји, по што цената на нафтата скокнала неколкукратно. Ембаргото завршило во 1974 година, но ОПЕК внимателно го контролирал производството на нафта, не дозволувајќи поголем пад на цената. Во 80-тите години, иако земјите на ОПЕК, а најмногу Саудиска Арабија, го намалиле производството, побарувачката и цената започнале да паѓаат. Додека пазарното учество на ОПЕК значително се намалило на малку повеќе од 30%.
Во 1985 година, Саудиска Арабија го достигнала нивото од 30% од производниот потенцијал. Тогаш ниту тоа не го спречило паѓањето на цената на нафтата. Тогаш, членките на ОПЕК направиле драстичен потег. Премногу го зголемиле производството за да во 1986 година цената на нафтата падне на само седум долари за еден барел. Со тоа го вратиле нивото од пред 1973 година. Почетокот на 21 век, цената на нафтата постојано растела, достигнувајќи го врвот од 143 долари за барел, во 2008 година. По избувнувањето на Глобалната финансиска криза, таа паднала на нивото од 33 американски долари за барел. Со економскиот раст на Кина, за една година цената на нафтата пораснала на 77 долари. Потоа набргу повторно го надминала нивото од 100 долари.