Што предизвика пораст на цената на нафтата на светските пазари?

103

Цените на нафтата забележаа скок од 4% на меѓународните пазари, откако беше убиен иранскиот генерал Касем Сулејмани. Поради загриженост дека може да ескалираат немири и да се предизвика застој во испораката  на сировата нафта, е забележано нејзино поскапување, соопштуваат светските медиуми.

На лондонската берза, пазарната цена на еден барел нафта се зголеми за 4,2% или 2,83 долари во однос на претходното затворање и изнесува 69,08 долари. На американскиот пазар, пак, цената на еден барел нафта порасна за 2,53 долари или 4,1%, што ја позиционираше цената на 63,71 долар.

Состојбата во Ирак е напната по воздушниот напад на Багдад и убиството на моќниот ирански лидер Касем Сулејмани. Сите нафтени полиња во Ирак функционираат нормално, а нападите не влијаеле на производството и извозот на нафта.

Фото: Pixabay