Како да станете професионален инфлуенсер

258

Сијена Сантер е студентка на Харвард и на Youtube веќе има над 302.000 следбеници. Таа снима видео записи на теми како “упадна“ на престижен Универзитет и каков ѝ e денот.

Сантер својата инфлуенсерска кариера ја започнала кога членовите на семејството и пријателите ја прашувале како успеала да влезе на Харвард, а по снимката од нејзината соба на Харвард која ја виделе над 4,8 милиони луѓе, таа својот Youtube канал и страница на Instagram почнала да ги третира како хонорарна работа.

“Имаше многу луѓе кои ме прашуваа како успеав да се запишам и дали може да им дадам совет. Наместо да им одговарам на сите, одлучив да снимам видео и да го објавам“, вели Сантер.

Таа отсекогаш сакала да стане јутубер. Претставници од Youtube ја посетиле ѝ и понудиле соработка, пишува Business Insider.

И требало околку месец дена да донесе одлука и потпише договор со нив. Каналот на Сантер брзо напредувал од неколку видео клипови до вистински онлајн бизнис.

“Овој канал ми помага да го плаќам школувањето. Од оваа работа ги финансирам студиите и сè останато.

Фото:Youtube