Илон Маск, основачот на Tesla, најави дека во фабриката на компанијата во Шангај, освен моделот Model 3, ќе почне и производството на Model Y, пренесува CNN.
“Најверојатно Model Y ќе има многу поголема побарувачка за разлика од сите останати модели на Tesla заедно“, рече Маск. Овој SUV би требало да има најниска цена од останатите модели на Tesla.
Model 3, којшто се произведува во кинеската Gigafactory на Tesla, се продава по цена од 46.650 долари, иако претходната цена му беше 51.260 долари, а со државни субвенции автомобилот може да се купи и за 43.080 долари.
Маск, исто така, најави дека планира да отвори дизајнерски центар во Кина и да создаде автомобили во земјата што би можеле да се продаваат низ целиот свет.
Фото: Pixabay