Трошоците на живот во декември минатата година, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,3%, а кај цените на мало има пораст од 1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Трошоците на животот во 2019 година, во однос на 2018 година, бележат пораст од 0,8%, а цените на мало останаа на исто ниво.
Движењето на трошоците на животот во 2019 година беше различно кај одделни групи на потрошувачката. Пораст е забележан во групите: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 5,6%, Здравје за 2,7%, Храна и безалкохолни пијалаци, Рекреација и култура за 1,6%, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнината за 1,2%, Ресторани и хотели за 0,9%.
Намалување е забележано во групите: Транспорт за 2,2%, Комуникации за 1,7%, Облека и обувки за 1,5%, Образование за 0,4%, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,1%.
Движењето на цените на мало во 2019 година, исто така, беше различно кај одделни групи производи. Пораст е забележан во групите: Индустриско – прехранбени производи за 1,4% и Земјоделски производи за 0,4%.
Намалување е забележано во групите: Пијалаци за 1,5%, Услуги за 0,3%, Индустриско непрехранбени производи и тутун за 0,1%.
Трошоците на животот во декември 2019 година, во споредба со декември 2018 година, забележаа пораст од 0,4%, а цените на мало забележаа намалување од 0,2%.
Фото: Pexels