Земјава испраќа шест милиони денари како помош од пожарите во Австралија

27

Властите во земјава донесоа одлука за одобрување на средства од резервите на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, во висина од 6.000.000 денари за доделување на помош за настраданите од пожарите коишто ја зафатија Австралија.

Во масовните пожари што зафатија голем дел од Австралија, нанесена е огромна штета, загубени се 20-тина човечки жртви, уништени се илјадници домови, а информациите оттаму велат дека во пожарите угинале скоро половина милијарда животни.

Фото: Pexels