Турција: Спојувања и аквизиции од пет милијарди долари во 2019 година

56

Трансакциите со коишто се извршени спојувања и аквизиции во Турција, вклучувајќи ги и оние коишто не се затворени, достигнаа вредност од пет милијарди долари во 2019 година, пренесуваат тамошните медиуми.

“Се забележува дека интересот на странските инвеститори за Турција е под потенцијалот на земјата поради негативните случувања во регионот, намалената побарувачка и несигурноста на глобалните пазари“, стои во извештајот на резвизорската куќа Ernst&Young во Турција.

Во текот на минатата година се направени 212 трансакции, додека една година претходно беа вкупно 191.

За оваа година се проектира трансакциите од спојувања и аквизиции во Турција да достигнат вредност од околу осум милијарди долари.

Фото: Pexels