Основачот на Икеа се повлекува од бордот

36

ikeaОсновачот на шведската компанија за мебел Икеа, Ингвар Кампард (87), се повлекува од бордот на компанијата. Во исто време се повлекува и Пер Лудвигсон (70), директорот на Интер Икеа Холдинг, а на негово место доаѓа најмладиот син на Кампард, Матиас Кампард (44).

“Ова е добро време за мене да си заминам од бордот на Интер Икеа Груп”, изјави Ингвар Кампард и додаде дека и понатаму ќе продолжи да го минува времето во фабриките и продавниците.

Ингвар Кампард се повлече од местото извршен директор на Икеа во 1986 година.