Маск побогат за “само“ две милијарди долари оваа недела

123

Богатството на основачот на Tesla Motors, Илон Маск, оваа недела се зголеми за над две милијарди долари. Причина за тоа, како што наведува Forbes, е тоа што неговата компанија стана највредна автомобилска компанија во светот.

Акциите на компанијата забележаа скок од 13%, што на контото на Маск значи 2,1 милијарда долари повеќе. Сега Маск има богатство од 28,8 милијарди долари. Овој 49-годишен милијардер во моментот е 34-от најбогат човек на планетата.

Маск поседува околу 22% од акциите на Tesla, што е скоро половина од целата вредност на неговото богатство. Неговите акции, пак, во SpaseX се проценуваат на околу 12,5 милијарди долари.

Оваа недела, пазарната капитализација на Tesla достигна 83 милијарди долари, што ја прави да биде највредна автомобилска компанија во американската историја.

Фото: Twitter