Зошто овие европски земји се најсреќни во светот?

123

Секој година, група експерти за среќа ширум светот прават ранг листа од 156 земји на основа на тоа колку се среќни луѓето. Добиените податоци ги објавуваат во World Happiness Report.

Кога научници говорат за среќа, тие предвид го земаат “задоволството од начинот на живот. За среќа не е мерило дали некој вчера се насмеал или не, туку како човек се чувствува во текот на својот живот“. Ова за CNBC го вели Џеф Сакс, коосновач на World Happiness Report и професор на Универзитетот во Колумбија.

Според листата, првите пет земји во кои луѓето се најмногу среќни се: Финска, Данска, Норвешка, Исланд и Холандија. Во текот на 2019 година, Финска втора година по ред е на прво место. Во 2017 година на нејзино место беше Норвешка, а Данска беше на врвот во 2013 и 2016 година. Швајцарија беше лидер на оваа ранг листа во 2015 година.

Од земјите во регионот, најдобро е позиционирана Словенија, која се најде на 44-то место. Потоа следуваат: Косово (46), Србија (70), Црна Гора (73), Хрватска (75), Босна и Херцеговина(78), Грција (82) и Македонија на 84-то место.

На дното на листата, пак, се најдоа: Јужен Судан (156), Централноафриканска Република (155), Авганистан (154), Танзанија (153) и Руанда (152).

Воопшто не е случајно зошто нордиските земји секогаш се наоѓаат на и околу врвот, кога станува збор за среќата. Меѓу причините поради кои нивните жители се чувствуваат среќно се бесплатното образование и здравствена заштита, ниско ниво на криминал, релативно хомогено население, безначајно ниво на корупција.

Според Сакс, овие земји наместо раскош избираат избалансиран живот, во што “лежи“ формулата за среќа.

Според експертите, важно за среќата на луѓето е да имаат слободно време, да не се чувствуваат дека се “заробени“ на работа и дека имаат доволно време за да посветат на работите што им значат.

Флексибилната работа, исто така, е многу честа појава во нордиските земји, па голем број од нив работат од дома.

Во овие земји не е невообичаено да се направи неколкумесечна пауза од работа, доколку таа носи голем стрес. Луѓето обични одат на “одмор од стрес“ кога ќе почувствуваат дека тоа им создава проблеми. Стресот може да биде “убиец на кариера“, па затоа потребно е некое време за детоксикација од “отровната“ работна средина.

Фото: Pexels