Бројот на туристи во ноември минатата година изнесува 64.458, а бројот на ноќевањата изнесува 135.866, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на туристи во ноември лани, во однос на ноември 2018 година, е зголемен за 13,2%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 7,5%.
Бројот на домашни туристи во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, е зголемен за 2,6%, а бројот на странските туристи е зголемен за 19,3%.
Бројот на ноќевања на домашните туристи во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, е намален за 3%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 15,5%.
Во периодот јануари – ноември 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристи е зголемен за 5%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1,9%, а кај странските има зголемување за 6,8%.
Во периодот јануари – ноември 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 2,6%, и тоа: бројот на ноќевањата на домашните туристи остана на исто ниво, а кај странските има зголемување за 5,7%.