Меган Маркл и принцот Хари и официјално се повлекуваат од функциите што ги носи кралското семејство и планираат да станат финансиски независни.
Британската кралица Елизабета, по кризниот состанок со семејството, изјави дека во целост ја “поддржува“ одлуката на младата брачна двојка, а ќе следи и период на “транзиција“ во којшто парот ќе поминува време и во Велика Британија и во Канада.
Иако проценките велат дека Хари и Меган располагаат со богатство од околу 30 милиони долари, експертите сметаат дека тие двајца многу лесно можат да создадат глобален бренд што би вредел милијарда долари.
Според Дејвид Хај, генерален директор на Brand Finance, независна консултантска компанија за проценка на брендови во Велика Британија, рекол дека ќе биде изненаден ако Хари и Меган не успеат да ја искористат својата слава за да создадат сопствен бренд.
Кристен Менцер, кралски автор, за Business Insider вели дека кралската двојка има “огромен потенцијал за заработка“. Таа ја спореди нивната популарност со онаа на поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел, кои во 2017-та година заработија околу 60 милиони долари за нивните мемоари.
Фото: Facebook